Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли зборуваше за Новак Ѓоковиќ и неговото интервју што неодамна го даде за „Би-Би-Си“.
Бартоли во подкаст за „Tennis Majors“ вели дека сметала дека Србинот ќе биде вакциниран по се што се случило во Австралија на почетокот на годината.
„Бев многу изненадена, бидејќи на почетокот мислев дека ќе биде вакциниран по се што се случи во Австралија и тоа беа гласините што ги слушнав. Така, добивањето сосема спротивно мислење беше мал шок, да бидам искрена, но потоа подобро сфатив дека тоа звучи како Новак“, изјави Бартоли.
Ѓоковиќ во интервју за „Би-Би-Си“ истакна дека се придржува до своите принципи, и дека тоа што го внесува во своето тело му е поважно од трофеите што може да ги освои.
„Тој е исклучително тврдоглав во сите негови идеи. Кога верува во нешто, тогаш едноставно нема шанси да се предомисли, а веруваше дека ако му вбризга нешто во телото, сега ќе го промени начинот на кој се чувствува. Тој не сака да зема ризици“.
Се уште е неизвесно дали Србинот ќе може да настапи на грен слем турнирите во Париз и Лондон.
„Едноставно не можам да верувам дека ризикува и е подготвен да ризикува за да тргне по тој пат. Знаете, тој ја донесе одлуката и сите треба да ја почитуваме“, заклучи Бартоли.
Мерион порано беше седмата тенисерка во светот, го освои Вимблдон во 2013 година, а од тенисот се прости 2018 година.