Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на тенискиот турнир во Париз. Во финалето вечерва тој извојува победа со над Данил Медведев од Русија.
Првиот сет му припадна на Русинот со 6:4. Следните два ги доби првиот светски рекет со по 6:3.
Оваа титула му овозможи на Ѓоковиќ да го собори рекордот на Шпанецот Рафаел Надал по број на освоени турнири од Мастерс серијата. Тој сега има 37, додека Надал остана на 36.
Целиот меч од трибините го следеа децата на Новак, Стефан и Тара, секако со поддршка од сопругата, Јелена.
Нивната реакција по решавачкиот поен на српскиот тенисер доволно говори за големата радост.
Make that 3️⃣7️⃣ ATP Masters 1000 titles for @DjokerNole 🏆
🎥: @TennisTV | @DjokerNole | #RolexParisMasterspic.twitter.com/rq4GJ5ZEHJ
— ATP Tour (@atptour) November 7, 2021