196
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија, а одлуката на тричлениот совет беше едногласна, објавено е утрово нешто пред осум часот по средноевропско време.
Така, Ѓоковиќ беше спречен да ја одбрани титулата на првиот Гренд слем турнир во сезоната и ќе биде депортиран од Австралија.
Дополнително, се наведува дека треба да плати и судски трошоци и отштета во износ од 500.000 долари. Ќе добие и тригодишна забрана за влез во Австралија, но постои можност за тоа да добие и ослободување.
Писмените причини ќе бидат објавени во наредните денови.