Ѓоковиќ го „згази“ Нишикори, се израмни со Федерер по бројот на победи на ОИ

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Никој никогаш немал повеќе победи на Олимписките игри од Новак Ѓоковиќ! Само Роџер Федерер запиша 13 колку што Новак има досега, но веќе во полуфиналето, српскиот тенисер ќе има шанса да застане сам на тронот и да собори уште еден рекорд на Швајцарецот.

Србинот се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри со сигурна победа над Кеи Нишикори – 2:0 (6:2, 6:0).

Со фудбалски жаргон би се рекло дека Јапонецот не „пипна топка“. Денеска имаше само еден тенисер на теренот.

Нишикори само пружи одреден отпор во првиот гем од првиот и вториот сет, а настрана тоа, навивачите на Ноле можеа да уживаат во врвната игра на српскиот тенисер. Скоро се што сакаше, Новак погоди.

Во полуфиналето го чека подобриот играч од натпреварот Александар Зверев – Жереми Шарди.

Слични содржини