Ѓоковиќ и официјално прв носител на „Вимблдон“

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е назначен за прв носител на овогодинешниот „Вимблдон“, соопштија денеска организаторите. Ѓоковиќ е трет тенисер во светот, но ќе биде прв носител на третиот Гренд слем турнир во сезоната.

Во Лондон нема да играат двајцата најдобри светски тенисери – Русинот Данил Медведев и Германецот Александар Зверев.

Медведев нема да игра на „Вимблдон“, бидејќи организаторите им забранија на руски и белоруски тенисери да играат, додека Зверев се опоравува од повредата.

За втор носител е назначен најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал, што значи дека во финалето може да игра само против Ѓоковиќ.

Трет носител е Норвежанецот Каспер Руд, а по него е Гркот Стефанос Циципас.

Прв фаворит на турнирот во женска конкуренција е Полјачката Ига Свионтек, а по неа следат Естонката Анет Контавејт и Унс Џабир од Тунис.

Ждрепката ќе се одржи во петок во 11 часот. „Вимблдон“ ќе се игра од 27 јуни до 10 јули.

Слични содржини