233
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ им се извини на навивачите на Белград по поразот во финалето од Русинот, Андреј Рубљов.
Србинот немаше физичка сила за четврти последователен пресврт на турнирот од серијата 250 АТП и загуби со 2:6, 7:6 (4), 0:6 за 2 часа и 29 минути игра.
„Им се извинувам на сите за овој трет сет. Тенисот е индивидуален спорт и кога нешто ќе се расипе, целиот мотор умира. Оваа недела беше многу емотивна и им благодарам на сите што ме поддржуваа до финалето“, коментира Ноле.