Ѓоковиќ има четири опции пред судот, познати адвокат верува дека Новак ќе игра на Австралија Опен

од Берта Китинска
304 прегледи

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во понеделник ќе излезе пред Федералниот суд во Мелбурн кој ќе донесе одлука дали тој ќе настапи на „Австралија опен“.

Рочиштето на српскиот тениски ас за жалбата на одлуката на австралиските власти да му ја укинат визата ќе се одржи во 10 часот по локално време, што е околу полноќ во ноќта меѓу недела и понеделник по средноевропско време.

Австралиските медиуми јавуваат дека постојат четири потенцијални исходи кои можат да ја решат оваа жалба. Еве ги опциите:

1. Новак го добива случајот и останува на „Австралија опен“

2. Новак го губи случајот и ја напушта Австралија

3. Судијата одлучува дополнително да го разгледа случајот и му дава посебна дозвола на Новак да учествува на „Австралија опен“ додека случајот не се реши.

4. Судијата одлучува дополнително да го разгледа случајот, но не му дава посебна дозвола на Новак да учествува на „Австралија опен“, и Ѓоковиќ ја напушта Австралија

Познатиот адвокат Џејмс Квил смета дека има големи шанси Ѓоковиќ да игра на првиот Грен слем сезонава.

– Мислам дека има добри шанси Новак да игра на „Австралија опен“. Не велам дека ќе го добие случајот, туку дека неговите адвокати и судот ќе веруваат дека одлуката ќе потрае повеќе и ќе му овозможи да остане во Австралија и да игра. Адвокатите можат да го продолжат ова со недели или дури месеци – вели адвокатот Квил.

Според него, претстојниот турнир би можел да има големо влијание на теренот.

„Фактот што на Новак не смее да ја врши својата работа и да учествува на турнирот може да биде посилен од она што го тврди австралиското Министерство за внатрешни работи. Затоа, мислам дека судот ќе каже „Ќе ви дадеме дозвола додека сето ова не се реши во следниот период“, вели Квил.

Слични содржини