Ѓоковиќ како Дедо Мраз: Подготвив подароци, ме чекаат ирвасите

од Nikola Popovski
324 прегледи

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, на сите им ја честиташе Новата година, но подготви и специјален костум за таа пригода.

Новак беше облечен како Дедо Мраз, а атмосферата во семејната идила ја сподели со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара преку социјалните мрежи.

„Среќна Нова година 2021 година. Ви посакуваме многу среќа, здравје и љубов во секоја мисла, дело и чувство“, напиша Ѓоковиќ. Тој направил и импровизирано ѕвонче од стаклени садови и рачен миксер.

„Среќни и Божиќни празници од Дедо Мраз, се извинувам што немав ѕвонче, па морав да импровизирам. Еве ги подароците, ме чекаат ирваси, голем поздрав и збогум“, изјавил тенисерот.

Да потсетиме, тој во моментов одмара меѓу сезоната, но и се подготвува за 2021 година, во која ќе се обиде да им се доближи на најголемите ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал, според бројот на освоени грен слем титули.

Слични содржини