358
Последните вести од Англија велат дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе може да игра на Вимблдон, иако најдобриот тенисер во светот не сака да се вакцинира против короната.
Тим Хенман, поранешен тенисер, а сега еден од клучните луѓе во организацијата на британскиот Гренд слем, изјави: „Вимблдон ќе ги следи препораките на владата на оваа земја, па за учество на турнирот ќе биде потребен антигенски тест, не задолжителна вакцинација“.
Така Ѓоковиќ би можел да ја одбрани минатогодишната титула во Ол Ингланд Клубот, што беше негова шеста на Вимблдон.