Ѓоковиќ: На многумина им пречи моето размислување, но сакам да бидам најдобриот на сите времиња

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ, првиот рекет во светот, јасно ставил до знаење дека сака да стане најдобриот тенисер во историјата до крајот на кариерата.

Ѓоковиќ им се обратил на медиумите во тенискиот центар Новак во Дорчол, а на крајот на конференцијата зборувал за „притисокот“.

-Како прво, да, се двоумам да ја споредам оваа сезона со 2011 и 2015 година. Во однос на квалитетот, јас сум многу близу до тие сезони. Притисокот е составен дел од мојот живот. Треба да го прифатам тоа. Е, сега во мојата глава е само дали тој притисок ќе го искористам како некое гориво. Можеби на некој му пречи што имам најголеми амбиции, што го вербализирам тоа. Но, така бев воспитан, изјавил Ѓоковиќ и додал:

-Мојата цел е да бидам број еден во историјата. Не мислам дека сум во тешка ситуација. Знам како да најдам рамнотежа. Понекогаш се уморувам психички и физички, но тоа е живот. Никој не е совршен. Здружението на играчи е нешто што го чувствувам длабоко во мене и сакам да им помагам на играчите кои го немаат тој глас.

Српскиот тенисер истакнаl дека „утре може да заврши со тенисот“, но дека тоа нема да биде случај сè додека ужива на теренот.

-Немам обврска да играм тенис, можам да го завршам утре. Но, чинот на тенис, држејќи рекет во раката, ме прави среќен. Сè додека е така, јас ќе продолжам да играм, рекол Новак.

Слични содржини