Новак Ѓоковиќ доцна вечерта слета во Мелбурн, каде го дочека вистински пекол. Имено, според податоците на локалните австралиски медиуми, на Србинот првично не му било дозволено ниту да излезе од авионот! После тоа, тој поминал повеќе од два часа во царинскиот простор, а потоа бил однесен во т.н „имиграциски притвор“, каде разговарал со овластени лица, пишува српски „Блиц“.
Поради погрешен формулар за виза, Ѓоковиќ на полноќ пристигнал на аеродромот, разговарајќи со тамошните власти.
Новак слетал на аеродромот околу 23:15 часот, но првично не му било дозволено да го напушти авионот, пишува италијански „Спортал“, повикувајќи се на извори од теренот.
После тоа, тенисерот влегол во царинскиот простор каде започнало неколкучасовното чекање.
Како што пишуваат австралиските медиуми, тимот на Ѓоковиќ побарал од властите да му излезат во пресрет и да го пуштат да влезе во земјата и дека во најбрз можен рок ќе стигнат точните формулари, но Австралијците одбиле, па Новак наместо да биде во хотел каде што би одмарал од летот, останал заглавен на аеродромот поради административна грешка.
Како што пишуваат австралиските медиуми, дошло до „клинч“ меѓу организаторите на турнирот и царинскиот претставник од една и регионалните власти на Австралија од друга.
Последните информации се дека Ѓоковиќ би можел да биде одведен во имиграциски притвор до донесување конечна одлука.