Ѓоковиќ на „Винска визија на Отворен Балкан“: „Да ги победуваш уште најмалку 5 години“

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ беше отворен денеска во Белград.

На отворањето присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и премиерите на С.Македонија, Албанија и Црна Гора – Ковачевски, Рама и Абазовиќ.

Добредојде на присутните на саемот им посакаа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, како и неговиот татко Срѓан.

Зборувајќи за виното, Вучиќ истакна дека најтешко е да се направи шардоне, на што Ѓоковиќ истакна дека претседателот на Србија подобро ги разбира вината од него.

„Ви благодарам што дојдовте“, му рекол Вучиќ на Ѓоковиќ во текот на разговорот.

„Да ги победуваш уште најмалку 5 години. Ви благодариме што секогаш сте со државата и што секогаш ги поддржувате добрите идеи“, му порача Вучиќ на Ѓоковиќ.

Слични содржини