Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ слета во Австралија околу 14 часот по средноевропско време, но странските медиуми јавуваат дека не добил виза за влез во таа земја.
Наводно, било утврдено дека српскиот тенисер побарал „погрешна виза“. Граничната полиција стапи во контакт со Владата. Федералните власти побараа од владата на Викторија да му даде виза, што беше одбиено.
Сега Ѓоковиќ чека да поднесе ново барање и формално да го реши, за да може да влезе во Австралија.
Србинот во вторникот замина за Мелбрун, откако доби медицинско ослободување од задолжителната вакцинација.
На оваа информација бурно реагираа политичките претставници во Австралија, а ниту локалното население не беше воодушевено.
„Го чекаме да се појави и да видиме какви докази ќе ни достави. Доколку тие докази не се доволни, нема да биде третиран поинаку, туку со следниот авион ќе биде вратен дома. Не треба да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ. За било кој“, јасна беше премиерката Карен Ендрјус.