Ѓоковиќ не е повторно уапсен

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Австралиските медиуми денеска објавија, повикувајќи се на изјави на четири извори од владата и тенискиот свет, дека Новак Ѓоковиќ не е повторно уапсен, како што пренесоа медиумите во Белград, повикувајќи се на членови на семејството на Ѓоковиќ.

Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на најдобриот светски тенисер, претходно денеска изјави за ТВ Прва дека добиле информација дека е донесена одлука за депортација и забрана за влез во земјата за три години, но австралиските медиуми кои го следат случајот на Ѓоковиќ тврдат дека таа одлука се уште не е усвоена.

Министерот за имиграција се уште одлучува дали да ја укине визата, потврдија за порталот „Ејџ“ и „Сиднеј Морнинг Хералд“.

Порталот „Ејџ“ пренесува дека медиумите од Европа цитираат членови на семејството на Ѓоковиќ кои тврдат дека тој повторно бил уапсен во канцеларијата на неговите адвокати во Мелбурн.

Слични содржини