147
За прв пат по дисквалификацијата од УС Опен, Новак Ѓоковиќ и се обрати на јавноста преку официјална конференција, а поводот беше почетокот на Мастерсот во Рим. Сепак, настаните од претходниот Гренд слем беа повторно во преден план.
Неизбежна тема пред новите предизвици беше преглед на УС Опен и невообичаената дисквалификација.
„Правилата се јасни, ги прифатив и продолжив понатаму“, рече Ѓоковиќ, додавајќи:
„Не можам да ветам или да гарантирам дека никогаш нема да ми се повтори нешто слично. Ќе дадам се од себе, се разбира, но сè е можно во животот“.
Српскиот тенисер тогаш истакна дека ситуацијата во Њујорк „не е необична“ и дека му се случило во минатото да реагира без да размисли.