347
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека во моментов не е добредојден во САД поради статусот околу вакцинацијата.
Тој на прес-конференција во Дубаи по мечот на АТП турнирот најави дека најверојатно нема да се појави на Мастерсот во Мајами и Индијан Велс, кои се наскоро на програмата.
„Не можам да влезам во САД. Не можам да играм таму во моментов. Но, ќе видиме што ќе се случи. Можеби нешто ќе се промени во следните неколку недели“, изјави Ѓоковиќ.
Да потсетиме, српскиот тенисер не е вакциниран и, како што рече, не планира да го направи тоа само за да може да се натпреварува на турнири.