Унгарскиот тенисер Мартон Фучович го коментираше случајот со Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.
38. тенисер на планетата смета дека Србинот не треба да биде во Австралија и да игра на првиот Гренд слем во сезоната.
Тој објасни и зошто.
„Ѓоковиќ е најдобар тенисер, освои се, девет пати беше шампион во Мелбурн, затоа заслужува да биде тука и да игра. Сепак, не смееме да одиме подалеку од она што се случува во светот. Здравјето на луѓето е најважно и има правила поставени пред неколку месеци“, изјави Фучович за унгарските медиуми.
Тој напомена дека прописите се такви да се вакцинираат сите.
„Сите мора да бидат вакцинирани, Новак не го направи тоа. Од таа гледна точка, мислам дека не треба да има право да биде тука“, заклучи Унгарецот.
Фуцович смета дека учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен би било негативно прифатено во Австралија, бидејќи, како што наведе, со добивањето изземање, многумина ќе почувствуваат дека тоа не е фер.