Ѓоковиќ планира две работи кога ќе ја заврши кариерата

од Stefanija Kuzmanovska

Новак Ѓоковиќ објасни за кои две работи размислува кога ќе ја заврши својата тениска кариера.

Србинот објави дека по завршувањето на кариерата можеме да го видиме во две улоги. Не само како тренер и ментор, улога што тој веќе ја извршува на академијата во Србија, туку и нешто неочекувано – да биде спортски коментатор.

„Немам аспирации да бидам коментатор, но најверојатно ќе бидам на некој од Гренд слемите. Зошто да не, ќе пробам. Но, немам желба да го правам тоа постојано. Секако, би сакал некој од нашата земја, можеби Хамад Меџедовиќ, кој е млад и се надеваме дека може да се пробие. А, што се однесува до момците кои се веќе тука – сите се одлични, јас со задоволство гледам тенис. Гледам и им се восхитувам на многу тенисери кои изведуваат одредени удари. Секако дека некако го анализирам кога гледам, но уживам и затоа што обожавам да го гледам овој спорт. Што се однесува до улогата на ментор и тренер, тоа веќе го правам на некој начин во нашиот тениски центар, неколку пати реков дека сме во процес на подигнување на моделот на тениската академија. Сè уште не е целосно подготвен и се надевам дека ќе биде до крајот на годината“, изјави светскиот број 1.

Посочи дека веќе директно учествува и во тренерска и во менторска работа и во осмислување стратегија со тим од луѓе што се на Академијата.

„Во рамките на таа идна академија, веќе се гледам себеси во тоа. Логично е и природно. Немам проблем да го правам тоа во текот на мојата кариера, веќе го сторив тоа. Кога го сторив тоа во декември со Олга Даниловиќ и Хамад и со другите тенисери кои беа таму за време на кампот, се чувствував исполнето што бев на теренот и како да научив нешто ново за самиот спорт и го применив подоцна и на мојата игра и навистина беше така. И во некој иден период, кога нема да имам турнири, ќе бидам посветен на помладите тенисери затоа што секогаш им е потребна поддршка и совет, и јас сум секогаш тука за нив“, рече Новак.

Слични содржини