Ѓоковиќ по поразот од Хрватска: Ќе се обидам да заборавам малку на тенисот

од Vladimir Zorba

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од Хрватска во Дејвис купот зборуваше за следната сезона и за евентуалното учество на Австралија опен

Позната е ситуацијата околу Австралија и ковид-протоколите, односно забраната за тенисерите кои не се вакцинирани.

Новак, сепак, не сакаше да одговори како точно ќе изгледа неговиот старт на сезоната.

„Искрено, ќе се обидам следните денови да закрепнам, да заборавам малку на тенисот. Разбирам дека сакате некои одговори за тоа каде започнува сезоната, како почнува. Навистина сум уморен од оваа сезона и од годината. Претпочитам сега да поминам време со моето семејство, ќе се опоравам, па дури тогаш ќе видам што носи иднината. Ќе бидете информирани, но не можам точно да кажам кога“, изјави Ѓоковиќ.

Новинарот потоа го прашал дали тоа ќе биде пред Божиќ, на што Новак само кратко одговори „Среќен Божиќ“.

Слични содржини