Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ на денешната конференција пред заминувањето за Токио изјави дека неговата цел на Олимписките игри е златен медал.
Ѓоковиќ одржа прес-конференција на аеродромот Никола Тесла непосредно пред летот.
„Имам највисоки амбиции, одам по злато. Не е тајна, тоа е голема цел и амбиција уште пред почетокот на сезоната. Зацртав четири Гренд слема и Олимпијада. Распоредот е малку напнат, бидејќи Гренд слемите се близу до Олимпијадата, но јас се подготвив доста добро. Имав многу победи на натпревари, што влева дополнителна самодоверба и енергија. Кога играте за вашата земја, тоа е најголема чест и привилегија. Ова се веројатно најубавите моменти кои еден спортист може да ги доживее. Јас сум дел од индивидуален спорт и има ретки случаи кога можам да учествувам во тимско натпреварување. Тоа се Купот Хопман и Дејвис купот. Успеав да ги освојам обајцата, но ми недостасуваат Олимписките игри. Се чувствувам добро и подготвен сум да го освојам и тоа“, истакна Ѓоковиќ.