Новак Ѓоковиќ рече дека повеќе би сакал да ја пропушти можноста да освои идни тениски трофеи отколку да биде принуден да прими вакцина против коронавирус.
Во своето обраќање ексклузивно за Би-Би-Си, тој рече дека не треба да се поврзува со движењето против вакцините, но го поддржува правото на поединецот на избор.
Ѓоковиќ беше прашан дали би го жртвувал учеството на натпревари како Вимблдон и Ролан Гарос поради неговата позиција за вакцината.
„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам“, рече тој.
Тој продолжи да ја објаснува својата позиција.
„Никогаш не сум бил против вакцинацијата, но отсекогаш сум ја поддржувал слободата да избираш што ќе внесеш во своето тело“.
Ѓоковиќ рече дека се надева оти ќе се променат условите за вакцинација на одредени турнири, додавајќи дека се надева оти „ќе може да игра уште многу години“.
Но, тој потврди и дека е подготвен да се откаже од шансата да стане статистички најдобриот тенисер на сите времиња.
„Бидејќи принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или било што. Се трудам да бидам во склад со моето тело колку што е можно повеќе. Никогаш не сум бил против вакцинацијата. Разбирам дека на глобално ниво сите се обидуваат да направат одлични напори да се бориме со овој вирус и да го видиме, се надеваме, крајот на овој вирус наскоро“.
Зборуваше и за контроверзниот тест.
„Но, никој не е среќен ако се зарази. Милиони луѓе го имаат вирусот и се уште се борат со него низ целиот свет. Затоа ова го сфаќам многу сериозно, навистина не ми се допаѓа некој да мисли дека сум злоупотребил нешто за моја корист за, знаете, да добијам позитивен ПЦР тест и на крајот да одам во Австралија“.
Подетално навлезе и за времето поминато во притвор додека беше во Мелбурн минатиот месец.
„Бев навистина тажен и разочаран од начинот на кој сето тоа заврши за мене во Австралија. Не беше лесно“.
Неговото барање за медицинско изземање беше поднесено анонимно и беше прифатено од два независни австралиски совети. Сепак, имаше посебна декларација за патување, во која беше вклучена грешка.
„Апсолутно, грешката во декларацијата за виза не е направена намерно. Тоа беше прифатено и потврдено од Федералниот суд и министерот во австралиското Министерство за имиграција. Значи она што луѓето веројатно не го знаат е дека не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран или прекршив некои правила или дека сум направил грешка во изјавата за виза. Сето тоа всушност беше одобрено и потврдено од Федералниот суд на Австралија и министерот за имиграција. Причината што бев депортиран од Австралија е што министерот за Имиграцијата ја искористи својата дискреција да ми ја поништи визата врз основа на мојата перцепција дека можам да создадам анти-вакс чувство во земјата или градпт, со што целосно не се согласувам“.
Целосното интервју на новинарот на Би-Би-Си Амол Рајан со Новак Ѓоковиќ ќе се емитува на Би-би-си еден во 21:30 часот по локално време, во вторник, 15 февруари.
There’s a 2nd video on the link below & Novak & the interviewer give a reminder of the fact that Novak was deported only because of a feeling of the Australian Minister of Immig., NOT because he’s not vaccinated & reiterating that indeed Novak did NOT break any rules. #djokovic https://t.co/cTjl1YwOjY pic.twitter.com/WgkbxSQ7g7
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) February 15, 2022