Тенисерот Новак Ѓоковиќ го одигра Австралија опен до крајот и го освои, но „влечеше“ повреда со која се здоби уште во раната фаза на турнирот, која сега е значително влошена, утврдено е по магнетната резонанца и прегледот, откри најдобриот тенисер во светот.
– Само што дојдов од уште еден преглед со магнетна резонанца и штетата на мускулот сега е поголема отколку кога бев на преглед првиот пат по натпреварот од третото коло на натпреварувањето. Не изгледа премногу лошо, но слушајќи ги зборовите на лекарот, ќе мора да направам пауза за да го излечам тоа – рече Новак.
Кај шампионот беше откриено дека процепот на мускулот по мечот со Фриц бил 1,7 милиметри, а дека сега, на крајот на Грен слемот, достигнал дури 25 милиметри.
Во распоредот Новак нема ниту една обврска во следните три недели, но Мајами опен пристигнува на 22 март, на кое неговото учество е доведено во прашање. Се споменува дека тој може да го прескокне тоа.
Сигурно враќање на терените се очекува на 12 април во Монте Карло, а дотогаш ќе видиме дали ќе се опорави за патувањето на Флорида.