Ѓоковиќ пред илјадници фанови во Белград: Превкусна е тревата на Вимблдон

од Nikola Popovski
223 прегледи

Превкусна е тревата на Вимблдон. Некако сум гладен по таа трева, на духовит начин изјави српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ при неговиот спектакуларен пречек во Белград пред илјадници фанови, откако вчера го освои седмиот трофеј на Вимблдон.

Заблагодарувајќи им се на сите кои му помогнаа да ги достигне овие височини, тој потсети дека тој и неговата генерација тенисери од Србија поминаа низ 10-15 години многу тежок период, што секако ги зацврсти нивните чекори за да стигнат подалеку.

-Тоа е тој српски инает, таа волја да се живее за победа. Вчера додека давав интервјуа за американска телевизија се обидував да објаснам што е тоа српски инает, но реков „Жал ми е, не можам да објаснам“. Нема збор што го пренесува, преведува тоа на англиски. Барем јас не знам. Но, тоа е отприлика нешто што го означува нашиот дух, духот на небесниот народ кој истрајува во сите сфери на животот, покажува срце, волја и душа кога е најтешко. А, всушност… Таква ни е судбината, што треба да поминеме по трнлив пат. Но, верувам… Народски велиме „кој знае зошто е тоа добро“. Секогаш има добро на крајот од патот. Вие сте светлината на крајот од тунелот!, рече Ѓоковиќ и ги воодушеви сите присутни.

Фото: Starsport

Слични содржини