116
Новак Ѓоковиќ има сериозен проблем со неговиот десен лакт. Србинот е во Чешка за последна консултација со локален специјалист по која ќе одлучи дали ќе се подложи на хируршка интервенција.
Потсетуваме дека Ѓоковиќ почувствува болки за време на учеството на Австралија Опен, откако неколку месеци се лекуваше без да ја оперира проблематичната рака.
Поранешниот број 1 во машкиот тенис поднел барање за учество на првите Мастерс турнири сезонава – во Индијан Велс и Мајами, но може да ја смени одлуката по консултацијата со чешкиот специјалист.