Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е меѓу најголемите ѕвезди на Олимписките игри во Токио.
Спортистите ширум светот се натпреваруваат за слика со Србинот, а тој самиот е одлично расположен, ужива во вниманието што го добива, сака да разменува искуства со други и, како што вели, од тоа црпи енергија за натпреварите.
Од купот селфи и фотографии што Новак ги „направи“ во Олимпиското село, најинтересна е секако со пливачката од Алжир, Амал Мелих, која со маска на лицето неверојатно потсетува на неговата сопруга Јелена, поради нејзините очи и коса.
За време на игрите за фотографиј го „молеа“ разни спортисти, од убавици како црногорски и руски ракометари, до оние кои скокаа од радост поради селфињата.
Сепак, засега „победник“ е алжирска пливачка која неверојатно личи на Јелена Ѓоковиќ.