Ѓоковиќ се враќа на терените

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на денот, во медиумите се појави информација дека на распоредот на Новак, кој може да се види на неговата официјална веб-страница, го нема УС опен, пишува „б92“.

Поточно, на тој распоред стоеше само Ролан Гарос.

Српскиот тенисер сè уште не донел одлука на кои турнири ќе настапи на крајот на сезоната, односно се уште не е познато дали ќе игра или во УС Опен и на Ролан Гарос.

Според најновите информации, Ѓоковиќ, како и неговите колеги, сè уште чекаат дополнителни информации од организаторите на УС Опен во врска со прашањето за ограничувања поврзани со состојбата со коронавирусот.

Треба да се напомене дека УС Опен е во прилично „незгодна“ ситуација заради теренот на кој се одржува (и ситуацијата со ковид-19 во САД).

Слични содржини