Ѓоковиќ седми пат избран за најдобар спортист на Балканот

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист на Балканот за 2021 година во 48. избор на новински агенции.

Во традиционалниот избор на новински агенции од регионот, организиран од Бугарската новинска агенција (БТА), учествуваа 10 агенции.

Ѓоковиќ по рекорден седми пат беше прогласен за балкански спортист, а српскиот тенисер пет пати по ред ја освојуваше оваа награда од 2011 до 2015 година, како и во 2019 година.

Шампионот на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон доби 83 гласа од 10 агенции од регионот, втор со 56 поени е грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо, НБА шампион со Милвоки Бакс, а трет со 48 поени беше Грчкиот атлетичар Милтиадис Тентоглу, олимписки и европски шампион во скок во далечина.

Слични содржини