Ѓоковиќ со пресврт до својата 80 -та победа на УС Опен

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако по пресвртот го совлада Матео Беретини со 3:1 – 5:7, 6:2, 6:2 и 6:3 во сетови.

Италијанскиот тенисер го освои првиот сет и најави добар меч, но потоа следеше пресвртот на Србинот.

Интересен факт е дека првиот рекет во светот го загуби првиот сет на четири од петте годинашни натпревари во Њујорк. Исто така, победата против италијанскиот играч беше 80-та за Ѓоковиќ на УС Опен.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе го пречека четвртиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев, кој во три сета беше подобар од Лојд Харис.

Слични содржини