Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победата над Мартон Фучович во второто коло на Мастерс турнирот во Париз го собори рекордот на Роџер Федерер по број на победи од првата позиција на АТП листата.
Ѓоковиќ имаше тежок меч, триумфираше по три сета и голема борба, но успеа да ја надмине првата пречка.
Србинот ја постигна 418. победа во кариерата како најдобар тенисер во светот, додека Федерер остана на 417.
Зад двајцата најдобри тенисери во светот се Џими Конорс со 390 победи, Иван Лендл со 366, Пит Сампрас со 322, додека Рафаел Надал забележа 250 триумфи.
Ѓоковиќ ќе има шанса да го подобри рекордот на турнирот во Париз бидејќи го продолжува натпреварувањето, а во третото коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Гаел Монфис и Адријан Манарино.