331
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на денешната свеченост во преполната сала на Градското собрание на Будва е прогласен за почесен граѓанин на таа приморска општина.
Марко Бато Царевиќ, претседател на општина Будва, по тој повод рече дека негова лична чест и чест од градот Будва е да соопшти дека Ѓоковиќ е почесен граѓанин на црногорската метропола за туризам.
Тој рече дека се надева дека оваа награда ќе му значи на Ѓоковиќ исто како и многуте други што ги освоил низ светот.
Царевиќ им се заблагодари и на родителите на Новак Ѓоковиќ кои присуствуваа на церемонијата, како и на самиот Новак Ѓоковиќ за се што направил за српската нација.
На Новак Ѓоковиќ му била врачена и икона на Свети Никола.