Ѓоковиќ во ненадејна посета на Босна: Замина да ги види пирамидите во Високо (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Новак Ѓоковиќ неочекувано пристигна во Сараево во понеделникот наутро.

Многумина на аеродромот во Сараево беа шокирани кога го видоа најдобриот тенисер на светот кој дојде во друштво на неговите родители.

Неговото пристигнување во Сараево не беше најавено, затоа што неговиот егзибициски меч со Дамир Џумхур, кој требаше да се одржи на 5 јули, претходно беше откажан заради веќе познатата ситуација дека турнејата „Адрија“ беше прекината и српскиот тенисер беше заразен со коронавирус.

Откако слета на аеродромот во Сараево, замина во Високо за да го посети Археолошкиот парк „Босанска пирамида на сонцето“.
Домаќин на славниот тенисер е Семир Османагиќ, познат босански претприемач и археолог.

 

Слични содржини