Ѓоковиќ во подземна експедиција во тунелите на „босанските пирамиди“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, времето пред Ролан Гарос го користи за ментално подготвување за најголемите предизвици во сезоната, а тоа го прави во Босна и Херцеговина, поточно во „пирамидите“ во Високо.

Ѓоковиќ претходно ја посети планината Ртањ, а тој пристигна во Сараево пред неколку дена, каде помина време и во познатите „босански пирамиди“.

Домаќин на српскиот тенисер и водич низ пирамидите е првиот човек на овој комплекс, Семир Османагиќ, кој претходно двапати беше домаќин на првиот рекет во светот.

Минатиот пат кога беше таму, Ѓоковиќ рече дека се чувствува препороден во Археолошкиот парк „Равне 2“, како и дека тоа е место каде што „ги полни батериите“ за бројните предизвици што претстојат.

Ова е трет пат како Новак ги посетува „босанските пирамиди“ и сега го искористи времето за истражување на тунелите. Во експедицијата учествуваа Ѓоковиќ, Османагиќ и снимател.

Погледнете како изгледаше авантурата на српскиот тенисер во тунелите на „пирамидите“.

Слични содржини