Ѓоковиќ во последен момент се откажа од голем турнир пред УС Опен

од Nikola Popovski
277 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дефинитивно нема да игра на турнирот во Монтреал.

Како што пренесуваат канадските медиуми, организаторите на турнирот во Канада потврдиле дека Ѓоковиќ нема да биде на ова натпреварување.

За потсетување, Ѓоковиќ се уште не знае дали ќе му биде дозволено да игра на УС Опен (од 1 до 12 септември), но одлуката да го прескокне турнирот во Канада може да биде показател дека шансите за настап во Њујорк се повеќе од мали.

Повеќе треба да се знае во наредните денови.

Слични содржини