Ѓоковиќ во транс во кафеана, го погоди песна за Косово (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
389 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Будва каде ќе му биде доделено признанието за почесен граѓанин на на тој град.

Утрово треба да се одржи посебна церемонија, а синоќа светскиот рекет број 1 ја искористи за да се опушти во ресторан.

Тој бил гостин во ресторанот „Етно село Царевиќи“ во сопственост на градоначалникот на Будва Марко Царечиќ.

Новак присуствувал таму заедно со семејството, таткото Срѓан и мајката Дијана, а во еден момент била испеана и добро познатата песна „Ој Косово, Косово“, која Ѓоковиќ ја обожава и често ја пее при прослава на големите успеси.

Тенисерот во еден момент земал салфетка во рацете и почнал да мавта и гласно да пее со луѓето на масата.

Евидентно е дека Ѓоковиќ добро се забавува и се подготвува за враќање на тениските терени, а првиот турнир го чека во февруари во Дуаби.

Слични содржини