Ѓоковиќ во црква на Богојавление – Водици

од Nikola Popovski
253 прегледи

Новак Ѓоковиќ, кој во понеделникот се вратил во Белград по депортацијата од Австралија, бил фотографиран на Калемегдан, каде што бил на литургијата во црквата Ружица по повод Богојавление Водици.

По пристигнувањето на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, Новак не даде никаква изјава за насобраните, а сега многу посетители на литургијата во црквата на Калемегдан сакаа да се фотографираат со него, на што тој се согласил.

„Луѓето кои беа на литургијата беа изненадени од фактот дека најдобриот спортист на светот е меѓу нив. Ноле скромно стоел и ја слушал литургијата, по што некои од верниците му пришле да се фотографираат“, пишуваат српските медиуми.

Очигледно е дека Новак по неверојатниот стрес што го доживеа и агонијата што траеше 11 дена во Австралија, по што беше депортиран, реши да побара мир во црквата.

 

Слични содржини