Ѓоковиќ за Федерер: Поради се што даде на овој спорт, заслужува да игра и да има вистинско збогување

од Vladimir Zorba

Роџер Федерер најави дека ќе ги пропушти првите три Гренд слем турнири следната сезона и дека доколку не освои повеќе трофеи, нема да биде трагично за него.

Тој најави дека враќањето може да се очекува дури во летото следната година. Инаку, Федерер моментално е 16-ти на АТП листата.

По мечот на Новак Ѓоковиќ во Торино на завршниот Мастерс во сезоната, новинарите го прашаа што мисли за изјавата на Федерер.

– Јасно е дека Роџер е икона на нашиот спорт и дека луѓето ширум светот го сакаат. Уживаат да го гледаат како игра, како е присутен… Тој е важен за тенисот, надвор од теренот и на него – рече Ѓоковиќ и додаде:

– За доброто на спортот, се надевам дека ќе го видиме уште малку како игра. Знаете, сигурен сум дека тој не сака да ја заврши кариерата на овој начин. Мислам дека ќе се обиде, барем да го има тој последен обид. Не сум сигурен каква е неговата повреда, но знам дека во последните години имаше проблеми со коленото.

– Мислам дека, поради се што постигна и даде на овој спорт, заслужува да игра и да има вистинско збогување. Доколку повредата не му дозволува почесто да игра на турнири – заврши Ѓоковиќ.

Слични содржини