173
Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата изјави дека не е сигурен дали ќе игра на Австралија опен.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера беше поразен во полуфиналето на Завршниот Мастерс од Александар Зверев со 2-1 во сетови.
По мечот, на конференцијата беше прашан дали ќе игра на Австралија опен, особено по одлуката дека невакцинираните играчи нема да можат да настапат.
„Ќе видиме. Ќе почекаме и се ќе видиме. До вчера не разговарав со официјалните лица“, рече Новак Ѓоковиќ.