Ѓоковиќ загуби на свој терен, Рубљов ја однесе титулата

од Nikola Popovski

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го победи прворангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Србија опен.

Публиката, околу 8.000 од нив, можеше да ужива во тенисот на двајца Топ 10 тенисери на тениските терени во Дорчол, Белград, а „одмаздата“ за поразот на завршниот Мастерс минатата сезона, ја сервираше Русинот.

Рубљов дојде до победа во три сета – 6: 2, 6: 7, 6: 0.

Овојпат Ѓоковиќ не успеа да го сврти дуелот во своја полза,  откако и во полуфиналето губеше во првиот сет.

Тоа е 11-та титула за Русинот во кариерата, трета сезонава, а со Новак сега има скор 1-1.

Слични содржини