Мистериозниот човек со рогови на главата кој привлече најголемо внимание на новинарите за време на синоќешниот упад во Конгресот е всушност Џејк Анџели, кој е познат како Канонов шаман. Канон е теорија на заговор која произлезе од четиригошниот мандат на Трамп во Белата куќа.
Фотографиите и снимките од упадот на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот синоќа го обиколија светот.
Иако имаше многу впечатливи сцени на сликите и снимките од Конгресот, еден од членовите на приврзаниците на Трамп кој привлече најголемо внимание беше човек на 30-годишна возраст со лице насликано во боите на американското знаме, кој носеше крзнена капа со рогови.
Следбениците на таа теорија на заговор веруваат дека станува збор за група педофили кои му се поклонуваат на сатаната и која влегла на Капитол Хил, а Доналд Трамп се бори против нив.
Вчера, откако насилно упадна во зградата на американскиот Капитол со останатите приврзаници на Трамп, Анџели шетал низ зградата носејќи го американското знаме закачено на копје и мегафон. Во еден момент, тој беше снимен како стои на подиумот во Сенатот без маица.
Си-Ен-Ен денес се обиде да стапи во контакт со Анџели, која живее во државата Аризона. Но, иако не можеле да го контактираат, им се јавил неговиот братучед Адам, кој потврдил дека Џејк Анџели е момчето со рогови. Тој го опишал како „патриот“.
Повикал за „бесење на предавниците“
Фејсбук-профилот на Анџели е полна со објави во кои тој ги шири теориите на заговор на Канон, а некои од објавите имаат доста насилна содржина.
„Нема надеж дека ќе го преживееме нападот на непријателот сè додека не ги обесиме предавниците кои се кријат меѓу нас“, стои во едно од објавите. На една од фотографиите на Фејсбук профилот на Анџели се гледа како тој е во крзно и со рогови, а во рацете држи пушка.
Анџели во последните месеци редовно присуствувал на митинзите на Трамп во Аризона.