Гол маж по чаршаф од прозорец бега од Бакингамската палата (Видео)

од Vladimir Zorba
99 прегледи
 Неколку луѓе во Лондон денес забележале необична глетка – гол маж кој се спушта со чаршаф  од една од просториите на Бакингамската палата, пренесува британски „Мирор“.
579333_nakedbuckinghampalace_f

Непознатиот маж се спуштал низ ѕидовите на домот на британското кралско семејство со помош на чаршаф, а потоа рипнал и паднал на земја.

За сега не е познато дали станува збор за наместена случка или можеби за снимање на некој филм, ниту е познато дали мажот е повреден.

Портпаролот на Бакингамската палата одбил да го коментира овој необичен настан.