Голата Хајди продолжува да заведува (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Без разлика дали имате 29 или 49 години, многумина од нас би рекле дека навистина не е важно, важно е како се чувствувате. Па, додека некои од нас само го кажуваат тоа, други директно го покажуваат. И иако во општеството е прифатено кога ќе се венчате да престанете да прикачувате провокативни фотографии, Хајди Клум дефинитивно не попушта на ваквите предлози. Тоа и самата го докажа откако на Инстаграм сподели уште една секси фотографија на која позира целосно гола.

„Врати се во кревет драги“, напиша таа до провокативната црно-бела снимка, на која се гледа како лежи на кревет, а градите ѝ се притиснати.

Иако на судијката од „America’s Got Talent“ и е удобно пред камера, таа ја исклучи функцијата за коментари на објавата.

Како што знаат нејзините фанови, ова секако не е прв пат Клум да се соблече на социјалните мрежи. Таа позираше топлес во бикини на друга фотографија споделена на Инстаграм претходно овој месец.

Клум и нејзиниот сопруг се венчаа во тајност во 2019 година. Двајцата се верија по нешто повеќе од една година врска.

Манекенката претходно беше во брак со пејачот Сил од 2005 до 2012 година пред да биде финализиран нивниот развод во 2014 година. Заедно имаат три деца.

Се чини дека најстарата ќерка на Клум зема пример од нејзината мајка со тоа што започна сопствена манекенска кариера. Тинејџерката неодамна сподели фотографија на која носи бикини на која изгледа исто како нејзината позната мајка.

Слични содржини