По два тешки порази, сега беше ред на кошаркарите на Голден Стејт да запишат голем успех над Оклахома Сити.
„Воините“ ги постигнаа последните 14 поени во третиот дел, кои завршија со тројка на Ник Јанг од крило, се одделија во резултатот и ги победија Тандер со 112:80. Во второто полувреме резултатот беше 60:35 за домаќините.
Во првите два натпревари од сезоната помеѓу противниците, Окалхома победи со 17 поени дома и 20 како гостин. „Громовите“ се уште водеа при 59:56 помалку од 8 минути пред крајот на третиот дел, кога практично се срушија.
„Понекогаш се случува. Во добра позиција сме, но ние престануваме да даваме кошеви, додека ривалот го користи тоа. Но, не сум загрижен“, вели Расел Вестбрук, кој имаше 15 поени и 12 скокови.
Бекот сепак се вмеша во неволја, откако прво го турна Јанг по тројката на крајот на третиот дел, а потоа го обвини Заза Пачулија дека намерно се обидел да го повреди при една ситуација во третиот дел, кога падна врз него. Како што е познато минатата сезона, грузискиот центар го повреди Коваи Леонард од Спарс во плејофот.
„Како мислите што се случи? Дали ја видовте ситуацијата? Сè е јасно. Очигледно тој дејствуваше намерно. Никој не го допре а тој падна на моите нозе. Ме удри силно, но нема проблем. Ќе го удрам по задникот и ќе му вратам“, изјави Вестбрук по натпреварот.
Кевин Дурант го казни поранешниот тим со 28 поени, Стеф Кари додаде 21, а Ник Јанг нанижа 16 од клупата. Со успехот, Голден Стејт се подобри на 46-14 и продолжи со битката со Хјустон за првото место. Громовите се влошија на 34-27.
Останатите резултати:
Њујорк – Бостон 112: 121
Филаделфија – Орландо 116: 105
Мајами – Мемфис 115: 89
Минесота – Чикаго 122: 104
Јута – Далас 97:90
Феникс – Портланд 104: 106
Сакраменто – ЛА Лејкерс 108: 113.