Голди Хоун и Курт Расел се во среќна врска веќе 33 години, што во Холивуд е вистинска реткост. Кога на актерката и беше поставено прашањето за она што е тајната на нивната долговечност, таа веднаш одговори:
“Одамна би се развела, ако некогаш се омажев за Курт”.

Актерката претходно беше во брак 2 пати. Првиот пат беше мажена со грчкиот танчер и режисер Гас Триконис во мај 1969 година, а поднесе барање за развод 4 години подоцна и вториот пат со музичарот Бил Хадсон од 1976 до 1980, со кој има 2 деца, Оливер и Кејт.
“Бракот е интересна психолошка работа. Ако сакаш да бидеш со некого, важно е да се венчаш за него. Ако имаш независност, ако имаш доволно пари и си ја сакаш својата независност, тогаш постои психолошка предност што не си во брак. Тоа ти дава слобода да олучуваш. За мене, јас одлучив да останам во врска. Курт одлучи да биде со мене и ние сме задоволни со нашата одлука” објасни таа.

Двајцата актери прв пат се запознале на снимањето на филмот “The One and Only, Genuine, Original Family Band” во 1967-та година. Тогаш Голди имала 21 година, а Курт имал само 16. Иако актерка призна дека тој и бил симпатичен на прв поглед, ништо не се случило поради разликата во нивните години.

Но, нивната љубов конечно процветала 15 години подоцна, за време на снимањето на “Swing Shift” и трае до денес. Интересно е тоа што и двајцата си признале еден на друг дека тие никогаш не би сакале да бидат во врска со човек кој ја работи истата работа.
“Секоја врска не функциниора, и тоа е вистина без разлика дали сте ѕвезда или обичен човек кој води нормален живот. Мислам дека актерите имаат голем проблем со одржување на врските затоа што камерите се секогаш вперени во нив, но секогаш треба да бидете свои” изјави Голди.