Голем астероид утринава ја одмина Земјата

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Според различни проценки големина варира помеѓу 5 и 25 метри

asteroid
Специјалисти на НАСА објави за голем астероид кој помина крај Земјата.Информациите за приближувањето беа објавени вна “Твитер” од Центарот за мали планети, пренесува Газета Ру . Според пресметките тој бил  на безбедно растојание од Земјата – 500 000 км, што е 1,3 пати повеќе од растојанието до Месечината.Најблиску до Земјата астероидот бил во 05:13 часот на 31 октомври.

Астероидот 2016 UR36 бил откриен неодамна, на 25 октомври со телескопот Pan-STARRS на Хаваи. Информацијата била предадена на системот за рано предупредување Scout, по што астероидот бил пресретнат и пот други телескопи. Според различни проценки, неговата големина варира помеѓу 5 и 25 метри.