Познатата пејачка Лепа Брена (60) ја прими вакцината против коронавирус, а сега ги сподели своите впечатоци во врска со тоа.
Брена била реакцинирана со вакцината на „Фајзер“, а најголемиот мотив да го стори тоа што побрзо е тоа што сака да ги прегрне драгите луѓе, без да го загрози нивното здравје.
– Сите во мојата куќа се вакцинирани, дури и оние кои работат за нас се вакцинирани, така што секој има право да одлучи што ќе прави со својот живот и со своето тело. Сакам да ги прегрнам оние што ги сакам, така покажувам љубов. Имам семејство, пријатели, внуци, сакав да се заштитам себеси, но и нив од какви било проблеми. Остатокот од животот сакам да го поминам стабилно и безбедно – изјави пејачката.
Музичката sвезда исто така провери и антитела, а резултатот бил околу 18.000, пренесе „Србијаданас“.