Голем број верници присуствуваат на заедничката литургија на г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј. Во храмот освен митрополити на МПЦ-OA присутни се и четворица митрополити на СПЦ.

Покрај големиот број верници од различни возрасти има и претставници на Католичката црква во земјава, голем број монаси. Организирано доаѓаа верници и од другите градови.

Според црковни извори од МПЦ-OA помирувањето на двете сестрински цркви е многу значајно, а овој настан што денес се случува во нашата земја е оценет како чин на христијанската љубов. Важно е да се знае дека ова е само почеток на процесот за стекнување на Томос за афтокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од страна на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Слични содржини