Голем број на пријавени пратеници за дебата-го одложува изборот на Пенов за нов министер

од Берта Китинска
149 прегледи

Големиот број на пријавени пратеници за дебата, засега го одложува изборот на Ристо Пенов за нов министер. Најавите се дека расправата ќе биде исцрпена дури во петок и да се гласа по предлогот на владата.

Премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната дебата во Собранието за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, отворено побара поддршка од пратениците за гласањето за негово назначување на функцијата.

-Вистински човек во вистинско време на вистинско место. За него говорат инфраструктурните проекти во град Скопје, спортските сали, паркови, плоштади…Очекувам и барам господинот Пенов да внесе дополнително знаење и искуство во својот тим и во другите ресори. Убеден сум дека Владата со Пенов во министерството за локална самоуправа ќе направи повеќе и на локално и на централно ниво. Затоа ја барам вашата поддршка. Јас верувам во Ристо Пенов, рече меѓу другото Ковачевски во својот говор пред пратениците во Собранието.

Големиот број на пријавени пратеници за дебата, засега го одложува изборот на Пенов за нов министер. Најавите се дека расправата ќе биде исцрпена дури во петок и да се гласа по предлогот на владата.

Слични содржини