Голем бунт на работниците во Скандинавија против Маск: „Ова не ти е Америка!“

од Vladimir Zorba
400 прегледи

Работниците во скандинавските земји не се задоволни од Teslа на Елон Маск и се почесто го напаѓаат американскиот милијардер и неговата компанија. Откако штрајкуваа работниците во Шведска, истото го најавуваат и многу други.

Механичарите кои го сервисираат Tesla во Шведска, кои започнаа штрајк во октомври, им се придружија и пристанишните работници и колегите од автосалоните. Шведскиот синдикат IF Metall бара од Tesla да потпише колективен договор за платите и работните услови. Тие се закануваат дека штрајкот ќе продолжи се додека не се постигне договор.

„Време е Европската унија да стане поостра кон Маск“, изјави за „Политико“ Клес-Микаел Стал, заменик генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати.

Данскиот транспортен синдикат 3F Transport во вторникот почна да го блокира транспортот на Tesla преку Данска на пат кон Шведска, по барање на IF Metall, јавуваат данските медиуми.

Во средата, норвешкиот синдикат Fellesforbundet објави дека ќе ги бојкотира Tesla на нивниот пат кон Шведска, поминувајќи низ норвешките пристаништа, доколку Tesla не се согласи со барањата на IF Metall до 20 декември. Во акцијата се вклучи и финскиот транспортен синдикат АКТ.

„Клучен дел од моделот на скандинавскиот пазар на труд е тоа што имаме колективни договори и синдикатите меѓусебно се поддржуваат“, рече Исмо Коко, претседател на АКТ.

Скандинавските синдикати не се единствените кои го напаѓаат Маск. Во САД, синдикатот на Обединетите авто-работници се залага за синдикално здружување на работниците на Tesla, бидејќи компанијата се соочува со обвинувања за разбивање на синдикатот.

Тоа е се поголем проблем и за Tesla во Германија, каде што има гигафабрика во близина на Берлин. IG Metall, најголемиот германски синдикат, соопшти дека забележува зголемување на поплаките од работниците на Tesla загрижени за нивните работни услови.

Шефот на IG Metall, Кристијан Бенер, го предупреди Маск за неговите ставови против синдикатот во интервју за Блумберг. „Треба да бидете внимателни. Правилата на играта овде се различни“, изјави Бенер.

Јорн Еггум, шеф на норвешкиот Fellesforbundet, верува дека Tesla има непријателски однос кон синдикатите,

„Тоа е колективна битка. Нема сомнеж дека Tesla е непријателски настроен кон работниците. „Tesla систематски ги поткопува напорите за синдикатирање и се обидува да ги спроведе американските услови во Европа“, рече Еггум.

Слични содржини