Со оглед на тоа што позициите на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, беа контроверзни и радикални за неколку важни прашања во последните неколку години, навистина не е големо изненадување што 850 вработени во Европската комисија и други европски институции потпишаа и испратија многу непријатно писмо до жената која треба да ја претставува Европската Унија, да ги заштити интересите на нејзините членки и на сите граѓани.
Според „Еуроактив“, вработените во Комисијата и другите институции на ЕУ преку писмо ја повикуваат Фон дер Лејен затоа што по ескалацијата на новиот конфликт на Блискиот исток таа првенствено застанала на страната на Израел, а ги занемарувала односите со Арапите, т.е. , муслиманите. Писмото е напишано на три страници, а на 20 октомври е испратено на адреса на првиот човек на Комисијата, како и на различни претставници на институциите на ЕУ.
Вработените во ЕК остро го осудуваат нападот на Хамас врз цивилите, но оценуваат дека европските институции не треба да си дозволат да застанат пред се на едната страна, на израелската страна. Се добива впечаток дека Урсула фон дер Лејен зазеде позиции идентични со оние на американскиот претседател Џо Бајден, кој се чини дека носи клучни надворешнополитички одлуки врз основа на домашните истражувања на јавното мислење и понуди емпатија, финансиска и воена помош на радикалниот израелски лидер Нетанјаху, што го предизвика гневот на арапскиот свет. Нејасно е зошто шефот на Комисијата, како послушник, целосно ја следи реториката на Бајден.
„ЕУ ризикува да го изгуби кредибилитетот“, предупредуваат авторите на протестното писмо до Урсула фод дер Лејен и бараат од лидерите на Унијата заеднички да ги повикаат двете страни да го прекинат огнот и да ги заштитат цивилите. Звучи во склад со европските и меѓународните хуманитарни вредности.
„Имено, ние сме загрижени за безусловната поддршка на Европската комисија што ја претставувате на една од двете страни“, се наведува во писмото.
„Ние, група вработени во Комисијата на ЕУ и другите институции на ЕУ, од лични причини ги осудуваме терористичките напади извршени од Хамас врз беспомошни цивили (…). Ние подеднакво силно го осудуваме непропорционалниот одговор на израелската влада против 2,3 милиони палестински цивили заробени во Појасот Газа… Токму поради овие злосторства, ние сме изненадени од ставот заземен од Европската комисија – па дури и од другите институции на ЕУ – кој промовира она што во печатот е опишано како европска какафонија…“ Тие понатаму тврдат дека се многу загрижени поради „рамнодушноста што нашата институција ја покажа во изминатите неколку дена кон тековниот масакр на цивили во Појасот Газа, непочитувајќи ги човековите права и меѓународното хуманитарно право“.
„Порано минатата недела, Комисијата мораше да отстапи од раното соопштение на комесарот за добрососедство, Оливер Вархеји дека ќе ја прекине „сета помош“ за Палестинците по широките критики од другите институции на ЕУ и поделбите во извршната власт на ЕУ. Некои претставници на ЕУ и земјите-членки, исто така, ја критикуваа Фон дер Лејен, која го посети Израел минатиот петок (13 октомври), бидејќи не изјави дека ЕУ очекува Израел да го почитува меѓународното хуманитарно право во својот одговор на нападот, како што направија другите водачи на ЕУ. “, предупредува „Еуроактив“, додавајќит дека висок француски извор им рекол дека „позицијата на земјите-членки е изразена особено преку Советот, во случајов од [високиот претставник Жосеп Борел], по дискусија меѓу земјите-членки. Тие потсетуваат и дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во вторникот (17.10) изјавил дека израелската опсада на Газа, во која „ниту вода, ниту храна не може да влезе, не го почитува меѓународното право“.
„Њујорк тајмс“ денеска посвети напис на мировниот состанок во Египет, на кој неколку лидери на арапски, европски и африкански земји разговараа како да се постигне најважното нешто – мир и запирање на крвопролевањето – и тие исто така истакнаа дека Фон дер Лејен не удостоила да се појави на таа средба туку испратила еден од нејзините заменици.
Во ваква сложена ситуација се поставува прашањето дали Лејен се плаќа за да ги зголеми ризиците за ЕУ?
Инаку, декларацијата не беше усвоена на мировниот состанок во Египет бидејќи европските претставници не сакаа да го потпишат текстот во кој се нагласува правото на одбрана на Израел. Без разлика, пораките од средбата беа јасни и хумани.
И покрај недостатокот на декларација од самитот, европските претставници рекоа дека лидерите од Грција, Кипар, Италија и Шпанија, како и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се желни да се појават во Каиро, само за да им покажат на арапските партнери како се загрижени за цивилите во Газа. Низ поголемиот дел од муслиманскиот свет, одговорот на Западот предизвика критики за лицемерието и двојните стандарди за неуспехот да се осуди опсадата и израелските воздушни напади врз цивилите во Газа – што критичарите велат дека е истиот вид насилство што западните земји го опишаа како „воено злосторство“ кога Русија ја нападна Украина.
Бесот поради овие наводни двојни стандарди беше прикажан на самитот во Каиро, каде арапските лидери тагуваа за илјадниците палестински цивили убиени во израелските воздушни напади од 7 октомври, опишува Њујорк Тајмс.