Голем грабеж во хотелот на Меси, снимен е од безбедносните камери

од Nikola Popovski

Маскирани разбојници украле пари и накит од голема вредност за време на упадот во хотел во Париз, каде што живее и фудбалерот на Париз Сен Жермен, Лионел Меси.

Разбојниците влегле во хотелот, слегувајќи од покривот, од надворешната страна на зградата, објави „Дејли мејл“.

Влегле во хотелот преку отворена тераса, еден кат над станот во кој живее славниот аргентински фудбалер, каде што ден чини околу 20.000 евра.

Четири соби биле ограбени, објави „Сан“.

Надзорните камери покажуваат како двајца маскирани лица се спуштаат на терасата на шестиот кат во средата вечерта, 22 септември.

Таа ноќ, ПСЖ гостуваше во Мец, североисточна Франција, но Меси остана во апартманот поради повреда.

Хотелот по кражбата го засилил обезбедувањето, а една од жртвите вели дека изгубила ѓердан вреден 3.500 евра, обетки во вредност од 600 евра и 2.500 евра во готовина.

Слични содржини